SoftNET

Centile

Centile е основана во 1998 година во Софија Антиполис, Франција – најголемиот технолошко-индустриски парк во Европа. Тие се подружница на ViaOne Europa и бившиот R&D Center of 8x8, Inc.

Centile е глобален лидер во развојот и комерцијализацијата на VoIP и Unified Communications решенија. Тие се едни од првите компании кои имаат започнато со истражување и развој на решенија во областа на VoIP. Нивниот предводник Istra платформата е краен продукт токму на овие активности кој во себе вклучува 6 години поминат период и 40 милиони долари инвестиции во истражување и развој. Istra им овозможува на Сервис провајдерите, Мобилните оператори и големите компании да воведат напредни VoIP и Unified Communications сервиси транспаретно преку било која широкопојасна мрежа. Од нивното формирање, Centile се фокусирани на креирање и испорака на разновидни VoIP и Unified Communications решенија преку стриктно придржување и инвестиции во:

  • Отворени стандарди вклучувајќи го SIP ( Session Initiation Protocol)
  • Чисти IP комуникации
  • Целосно софтверско решение базирано на Java и останати Web технологии
     

Centile е одговорен за едни од првите комерцијални инсталации на IP Centrex решенија (почнувајќи од 2000 година) и од тогаш има стекнато исклучително глобално оперативно искуство со таквите системи. Тие исто така имаат значаен придонес во прогресивната еволуција на SIP поврзаните стандарди во изминативе години што сега на нивните решенија им овозможува бенефит од задоволително ниво на интероперабилност.

Новости

,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, Скопје, ГТЦ 17.11.2010

среда, 15. декември 2010.

,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, Скопје, ГТЦ 17.11.2010

Со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го поддржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб , и со своето учество допринесе при реализација на проектот ,,Бизнис денови низ...
СофтНЕТ на Бизнис ден во Гостивар 23.09.2010

среда, 15. декември 2010.

СофтНЕТ на Бизнис ден во Гостивар 23.09.2010

Со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го поддржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб , и со своето учество допринесе при реализација на проектот ,,Бизнис денови низ...
SoftNET на Бизнис денови низ Македонија 2010 - Гевгелија - 03.06.2010

петок, 11. јуни 2010.

SoftNET на Бизнис денови низ Македонија 2010 - Гевгелија - 03.06.2010

Во име на продлабочување на веќе добрата соработка на СофтНЕТ со Словенечко-Македонскиот Бизнис клуб , како и со цел за промоција на услугите пред словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го...