SoftNET

IP-VPN

Брза, доверлива, селективна, и заштитена размена на информации ја наметнува потреба од приватна мрежа. VPN (Virtual Private Network) овозможува користење на иста инфраструктура преку различни мрежи, така што формира виртуелен тунел и ги користи протоколите за заштита и автентификација при пренос кои гарантираат безбедност, доверливост и интегритет на податоците. VPN овозможува поврзување на две или повеќе оддалечени локации во единствена локална компјутерска мрежа. За реализација на оваа мрежа се користат посебни протоколи кои овозможуваат енкрипција на податоците, со што е овозможена безбедна размена на податоци помеѓу корисниците во внатрешноста на VPN системот. IP VPN представува збир на корисници (поединечни клиенти и/или мрежи) повржани на интернет преку своите интернет сервис провајдери, и го користи IP како протокол. Услугата првенствено е наменета на корисниците кои имаат потреба од поврзување на повеќе физички одалечени мрежи во единствена приватна мрежа. IP VPN овозможува брза и економска размена на податоци помеѓу одалечени канцеларии, како и пристап до ресурсите на компанијата од старана на вработените, кои се на одалечени локации.

Предности на VPN:

Постојат многу причини за воведување на VPN. Меѓи кои најзначајните се:

  • VPN овозможува пристап до ресурсите на компанијата на сите локации, што представува основен предуслов за развој на корпоративна интерна мрежа и пристап од далечина. 
  • VPN обезбедува најголемо ниво на безбедност на податоци, што овозможува пренос на доверливи податоци без пречки преку интернет или целосно приватна IP мрежа, каде што право на пристап имаат само авторизирани корисници.
  • Покрај ова, VPN представува економски исплатливо решение. Обезбедува еднакво ниво на безбедност како и изнајмување на посебна приватна линија, со значително помали трошоци. 
  • Можност за брзо додавање на нови одалечени корисници.
  • Користење на веќепостоечка инфраструктура.

Распространетоста на мрежата ни овозможува да ги нудиме нашите услуги на корисниците во Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија а наскоро и во Италија. Во соработка со нашите партнери нудиме можност за поврзуване низ целот свет.
 

IPSecurity

Безбедносниот интернет протокол IPSec се наоѓа на трето ниво во OSI референтниот модел. IPSec овозможува скап сигурносен алгоритам и општа рамка која овозможува пар ентитети кои комуницираат меѓусебно да користат алгоритми кои ги сакаат за да обезбедат соодветна сигурна комуникација. Основниот аспект на заштита кои ги нуди IPSec се: автентификација на потеклото на податоците (автентификација на корисникот), зачувување на интегритет на податоците (автентификација на податоците) во текот на преносот кој се постигнува со енкрипција.
.

 

Новости

,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, Скопје, ГТЦ 17.11.2010

среда, 15. декември 2010.

,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, Скопје, ГТЦ 17.11.2010

Со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го поддржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб , и со своето учество допринесе при реализација на проектот ,,Бизнис денови низ...
СофтНЕТ на Бизнис ден во Гостивар 23.09.2010

среда, 15. декември 2010.

СофтНЕТ на Бизнис ден во Гостивар 23.09.2010

Со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го поддржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб , и со своето учество допринесе при реализација на проектот ,,Бизнис денови низ...
SoftNET на Бизнис денови низ Македонија 2010 - Гевгелија - 03.06.2010

петок, 11. јуни 2010.

SoftNET на Бизнис денови низ Македонија 2010 - Гевгелија - 03.06.2010

Во име на продлабочување на веќе добрата соработка на СофтНЕТ со Словенечко-Македонскиот Бизнис клуб , како и со цел за промоција на услугите пред словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го...