
IP телефонија
Присутноста на мобилната телефонија на пазарот од една страна и појавата на интернет од друга страна, за прв пат ја ставаат под знак прашалник традиционалната телефонска комуникација. Традиционалните оператори ги субвенционираа врските со ефтин интернет, скапи повици и закупени водови. Па така, одеднаш се појави вишок на ефтини IP капацитети. За разговор беше доволно 20 kB/s, што значеше заштеда. Од друга страна таквиот начин значеше поедноставување на комуникацијата, за која беше потребна
иста инфраструктура како и кај компјутерските мрежи. Едноставно, конфигурацијата на домашна централа како и конфигурирање на рутерите, switch-еви, или сервери може да ја направи информатичар.
Исчезнаа ограничувањата кои беа поврзани со традиционалната телефонија, корисникот секогаш го има својот телефон со себе дури и на другиот крај на светот, веќе не е потребно тој да е во механички облик. Софтверскиот клиент лесно може да се инсталира на компјутер или на мобилен телефон.
Дополнителна предност нуди можноста за компјутерска подршка, бидејќи телефонските известувања може да ги добиваме по електронска пошта, односно достапни се со помош на web клиент.
Заштедата на фирмите, кои се шират надвор од границите ќе стане видлива, за голем дел од нив ќе биде од голема корист, бидејки човекот насекаде низ светот може да биде достапен на ист интерен број, а не само на мобилен телефон чија употреба сеуште е прескапа.
Во Софтнет почнавме да нудиме не само повици со помош на VoiP протокол, туку и целосни решенија со IP централи.
Новости
среда, 15. декември 2010.
,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, Скопје, ГТЦ 17.11.2010
Со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го поддржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб , и со своето учество допринесе при реализација на проектот ,,Бизнис денови низ...
среда, 15. декември 2010.
СофтНЕТ на Бизнис ден во Гостивар 23.09.2010
Со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го поддржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб , и со своето учество допринесе при реализација на проектот ,,Бизнис денови низ...








