
Новости
07.08.2008. – Агенцијата за Електронски Комуникација донесе одлука за издавање на одобрение за Започнување со вршење на јавна електронска комуникациска услуга на друштвото за телекомуникациски услуги Софтнет ЕУ д.о.о.е.л. Скопје. Повеќе информации на: http://www.aec.mk
SoftNet на Синергија ’08
Софтнет и оваа година, како и претходната, е еден од Спонзорите на Синергија, наголемата конференција на IT стручњаци во Југоисточна Европа. Конференцијата траеше од 14-17 Октомври 2008 кадешто Софтнет имаше свој штанд во Мастер Центарот на Новосадскиот саем.
По тој повод беше организирано и предавање на тема “Миграција од класична на IP телефонија“ одржано на 15.10.2008. Предавач, Андреј Боштјанчич - директор на Софтнет.
Подетални информации може да најдете на веб страната www.mssinergija.net.
Softnet на ITU Telecom World 2006
Од 4-8 Декември 2006 во Hong Kong се оджа најголемиот саем за телекомуникации - ITU Telecom World 2006.
Може да не посетите во Хала 11 You can visit us in Hall 11, Штанд број 11029
SoftNET на Бизнис денови низ Македонија 2010 - Гевгелија - 03.06.2010
Во име на продлабочување на веќе добрата соработка на СофтНЕТ со Словенечко-Македонскиот Бизнис клуб , како и со цел за промоција на услугите пред словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го подржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб од Скопје, кој го продолжи своето roadshow и оваа година низ градовите во нашата држава.
Овој пат, тие застанаа во сончевата Гевгелија и одржаа свој Бизнис ден на кој се претставија пред граѓаните и стопанствениците од таа општина и регионот, со своите производи, услуги и тендеции за проширување на своите бизниси и партнерства.
Во центарот на Гевгелија, на 3 јуни, Бизнис клубот имаше саемски ден, каде своја промоција имаа компаниите-членови.
Изложувачите беа посетени и од Градоначалникот на општина Гевгелија, г-нот Иван Франгов, како и од економскиот советник во Амбасадата на Р. Словенија во Р. Македонија, г-нот Јернеј Товшак.
Во вечерните часови, промоцијата продолжи во хотел Нар, пред околу 100 присутни гости-стопанственици, каде се претставија и Клубот и Општината.
На промоцијата поздравен говор за подршка изрази и Амбасадорот на Р Словенија во Р. Македонија, г-нот Брајан Бергант.
Присутните имаа можност да видат и да се запознаат поблиску со нивните проекти и стратегии.
Настанот беше поддржан и од Јавната агенција на Р. Словенија за претприемништво и странски инвестиции и Министерството за стопанство на Р. Словенија.
СофтНЕТ на Бизнис ден во Гостивар 23.09.2010
Со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го поддржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб , и со своето учество допринесе при реализација на проектот ,,Бизнис денови низ Македонија,,.
Овој пат, во Гостивар на 23 септември, и се одржа Бизнис ден на кој се претставија пред граѓаните и стопанствениците од таа општина и регионот, со своите производи, услуги и тендеции за проширување на своите бизниси и партнерства.
СофтНЕТ го продолжи своето roadshow низ државата и по петти, јубилеен пат, посетија уште една општина.
Во посетата се приклучи Градоначалникот на општината г-от Руфи Османи, новоименуванито Амбасадор на Р.Македонија во Р.Словенија, г-от Игор Попов, Унгарскиот Амбасадор, г-от Ференц Кекеш како и од г-от Благоја Крстановски од Министерството за надворешни работи.
Во вечерните часови, промоцијата продолжи во ресторанот Игнација, пред околу 100 присутни гости-стопанственици, каде се претставија и Клубот и Општината.
Присутните ги поздрави и економскиот советник при Амбасадата на Р Словенија, г-от Јернеј Товшак.
Настанот беше организиран во соработка со оштина Гостивар и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, а поддржан од двата словенечки партнера на Клубот: ЈАПТИ-Јавната агенција на Р.Словенија за претприемништво и странски инвестиции и Министерството за стопанство на Р. Словенија.
,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, Скопје, ГТЦ 17.11.2010
Со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го поддржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб , и со своето учество допринесе при реализација на проектот ,,Бизнис денови низ Македонија,,.и како завршен настан, на 17 ноември, одржаа свој Бизнис ден во Скопје,.
Ова roadshow е можност компаниите-членки на Клубот, да се промовираат со производите и услугите на еден понаков начин пред самите граѓани, во директна комуникација со нив.
Бизнис деновите се всушност еднодневни мини саеми, Така во Скопје, штандовите беа поставени во Градскиот трговски центар, каде се претставија 26 компании-членови од Бизнис клубот меѓу кои и СофтНЕТ.
Присутните ги поздравија и Амбасадорот на Р.Словенија во Р Македонија, г-нот Алан Брајан Бергант, како и извршниот директор, Искра Јовановиќ, кои изразија задоволство за големиот одзив како и тоа дека се прв ваков Клуб во земјата што на овој начин се претставуваат пред бизнис заедницата.
Настанот беше организиран во соработка со Градскиот трговски центар АД Скопје и Амбасадата на Р Словенија во Р Македонија, а поддржан од двата словенечки партнера на Клубот:ЈАПТИ-Јавната агенција на Р.Словенија за претприемништво и странски инвестиции и Министерството за стопанство на Р. Словенија.
Новости
среда, 15. декември 2010.
,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, Скопје, ГТЦ 17.11.2010
Со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го поддржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб , и со своето учество допринесе при реализација на проектот ,,Бизнис денови низ...
среда, 15. декември 2010.
СофтНЕТ на Бизнис ден во Гостивар 23.09.2010
Со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го поддржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб , и со своето учество допринесе при реализација на проектот ,,Бизнис денови низ...
















