
Новости
07.08.2008. – Агенцијата за Електронски Комуникација донесе одлука за издавање на одобрение за Започнување со вршење на јавна електронска комуникациска услуга на друштвото за телекомуникациски услуги Софтнет ЕУ д.о.о.е.л. Скопје. Повеќе информации на: http://www.aec.mk
SoftNet на Синергија ’08
Софтнет и оваа година, како и претходната, е еден од Спонзорите на Синергија, наголемата конференција на IT стручњаци во Југоисточна Европа. Конференцијата траеше од 14-17 Октомври 2008 кадешто Софтнет имаше свој штанд во Мастер Центарот на Новосадскиот саем.
По тој повод беше организирано и предавање на тема “Миграција од класична на IP телефонија“ одржано на 15.10.2008. Предавач, Андреј Боштјанчич - директор на Софтнет.
Подетални информации може да најдете на веб страната www.mssinergija.net.
Softnet на ITU Telecom World 2006
Од 4-8 Декември 2006 во Hong Kong се оджа најголемиот саем за телекомуникации - ITU Telecom World 2006.
Може да не посетите во Хала 11 You can visit us in Hall 11, Штанд број 11029
SoftNET на Бизнис денови низ Македонија 2010 - Гевгелија - 03.06.2010
Во име на продлабочување на веќе добрата соработка на СофтНЕТ си Словенечко-Македонскиот Бизнис клуб , како и со цел за промоција на услугите пред словенечкото и македонското стопанство, СофтНЕТ го подржа Словенечко-македонскиот бизнис клуб од Скопје, кој го продолжи своето roadshow и оваа година низ градовите во нашата држава.
Овој пат, тие застанаа во сончевата Гевгелија и одржаа свој Бизнис ден на кој се претставија пред граѓаните и стопанствениците од таа општина и регионот, со своите производи, услуги и тендеции за проширување на своите бизниси и партнерства.
Во центарот на Гевгелија, на 3 јуни, Бизнис клубот имаше саемски ден, каде своја промоција имаа компаниите-членови.
Изложувачите беа посетени и од Градоначалникот на општина Гевгелија, г-от Иван Франгов, како и од економскиот советник во Амбасадата на Р. Словенија во Р. Македонија, г-от Јернеј Товшак.
Во вечерните часови, промоцијата продолжи во хотел Нар, пред околу 100 присутни гости-стопанственици, каде се претставија и Клубот и Општината.
На промоцијата поздравен говор за подршка изрази и Амбасадорот на Р Словенија во Р. Македонија, г-от Брајан Бергант.
Присутните имаа можност да видат и да се запознаат поблиску со нивните проекти и стратегии.
Настанот беше поддржан и од Јавната агенција на Р. Словенија за претприемништво и странски инвестиции и Министерството за стопанство на Р. Словенија.
Новости











