Имате прашање? Едноставно јавете ни се +389 2 329 09 77, +389 2 580 02 00
Други услуги

Не можете да си дозволите да трошите скапоцени ресурси на менаџмент на повеќекратни услуги. Конвергирајќи ги сите комуникации на една мрежа и провајдер, ги оптимизирате нив и обезбедувате подготвеност за иднината.

СофтНЕТ нуди широк спектар на услуги за да обезбеди целосно комуникациско решение прилагодено на потребите на секој клиент . 

Колокација

Колокација

Колокациските услуги на СофтНЕТ обезбедуваат сигурна, безбедна и стабилна околина за Вашиот хардвер во неколку земји во Европа (Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Романија и Бугарија).

Системска интеграција

Системска интеграција

Услугите за системска интеграција на СофтНЕТ ги поврзуваат гласовната, податочната и видео комуникацијата во еден систем и обезбедуваат сите тие да функционираат заедно како еден систем. Тоа резултира со подобра продуктивност и трошковна ефикасност на Вашите ресурси. 

Оутсорсинг (Outsourcing)

Оутсорсинг (Outsourcing)

Ние можеме да ги одржуваме линиите за услуга за корисниците и техничка поддршка 24 часа дневно отворени и водени од нашите професионалци со сертификат од Cisco кои се лоцирани насекаде низ регионот на Југоисточна Европа.

Регистрација на домен

Регистрација на домен

Правото име на доменот е пресудно на денешниот интернет. Тоа е првата работа што луѓето ја гледаат кога ја посетуваат Вашата страница, а ништо не е поважно од одличен прв впечаток. Обезбедете име на доменот за Вашиот бизнис кое ја испраќа токму правата порака со регистрација по ниска цена и одлична услуга од СофтНЕТ. Побарајте го името што го сакате за да го регистрирате или пренесете Вашиот домен кај нас.

Консултирање и планирање

Консултирање и планирање

Нашите консултантски услуги се дизајнирани за да Ви помогнат успешно да ги адресирате одлуките, предизвиците и можностите со кои се соочувате во Вашиот систем на комуникација за да стекнете предност пред конкуренцијата. Консултатнтските услуги на СофтНЕТ вклучуваат стратешко планирање, инженеринг, дизајн и друго.

Продажба и конфигурирање на опремата на CISCO

Продажба и конфигурирање на опремата на CISCO

СофтНЕТ продава опрема на Cisco насекаде во регионот на Југоисточна Европа. Ние можеме да ги снабдиме нашите клиенти со сè што им е потребно: Cisco рутери, свичови, модули, меморија, кабли, GBICS/SFPS, IP телефони, Wireless Access Points (Безжични пристапни точки) , Безбедност, GSR и друго. Нив ги покриваме со едногодишна гаранција.

© Copyright 1996-2024, СофтНЕТ сите права се задржани
Проектирање и изведба Kabi d.o.o.